Масовна тепачка во јапоснкиот парламент поради законот за одбрана

17.09.2015 11:56

Пратениците се туркаа и се влечеа за време на дебатата за Законот за одбраната. Измените предвидуваат првпат по Втората Светска војна да се испраќаат јапонски војници во странски мисии...

Масовна тепачка избувна во јапонскиот парламент во името на мирот и ненасилството. Опозицијата се судри со владејачката коалиција во одбрана на пацифистичкиот Устав од нова интерпретација.

Пратениците се туркаа и се влечеа за време на дебатата за Законот за одбраната. Измените предвидуваат првпат по Втората Светска војна да се испраќаат јапонски војници во странски мисии.

Иако протестите се реткост во Јапонија, ова прашање предизвика масовни демонстрации пред Парламентот во изминатите недели.