ЕП го одбри планот за распределба на бегалците

17.09.2015 14:19

Планот за распределба на 120.000 бегалци го поддржаа 372 пратеници, 124 беа против, а 54 воздржани...

Европскиот парламент го поддржа планот на Европската комисија за распределба на 120.000 меѓу државите членки. На 22 септември планот треба да го поддржат министрите за внатрешни работи и за правда на земјите членки.

Планот за распределба на 120.000 бегалци го поддржаа 372 пратеници, 124 беа  против, а 54 воздржани.

Потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманкс му се зблагодари на парламентот велејќи дека ова е предизвик за Европа на политичко, хуманитарно и на морално ниво.

Европската комисија го поздрави планот како важен чекор, посебно поради фактот што го донесе во итна процедура.

„Сега е отворен патот за Советот да го усвои  предлогот. Ги повикуваме земјите членки да ги усвојат неопходните одлуки на вонредниот состанок на министрите за правда и за внатрешни работи на 22 септември“, се наведува во соопштението од Брисел.