Хан: Западен Балкан да не стане паркинг за мигрантите
На Македонија досега и биле доделени 24 милиони евра за справување со бегалците, но овие средства може да се зголемат...

На денешниот состанок во Европскта комисија е разговарано и за спроведувањето на политичкиот договор во Македонија, при што било оценето дека евентуалната политичка нестабилност не соодветствува со актуелната бегалска криза. На Македонија досега и биле доделени 24 милиони евра за справување со бегалците, но овие средства може да се зголемат, изјави еврокомесарот Јоханес Хан кој што утре пристигнува во дводневна работна посета на нашата држава.
Не можеме да дозволиме нестабилност во регионот. Само што разменивме мислења со моите колеги за Македонија , тие само што почнаа да го спроведуваат политичкиот договор. И додека во Србија има напредок, не смееме да ја оптоваруваме и Македонија исто така. Сите треба да добијат соодветен дел, но Западниот Балкан не смее да стане паркинг за мигрантите. Ние досега за прифатни центри и други капацитети обезбедивме за Србија 45, додека за Македонија 24 милиони евра и овие средства може да се зголемат, изјави еврокомесарот Хан.
