Романскиот премиер Понта обвинет за корупција
Премиерот Понта ги отфрла обвинувањата за кои се товари и ги осудува обвинителите за манипулација со јавното мислење со непотполни информации...

Против романскиот премиер Виктор Понта е покреното обвинение за проневера и за перење пари во случајот поврзан со неговите претходни активности во својство на адвокат, јавува Ројтерс истакнувајќи дека се работи за еден од најсериозните случаи во борбата против корупција во Романија.
Премиерот Понта ги отфрла обвинувањата за кои се товари и ги осудува обвинителите за манипулација со јавното мислење со непотполни информации. Разнишан по поразот на изборите за претседател и соочен со општите избори следната година, Понта досега успешно се справуваше со повиците да поднесе оставка зашто ја има поддршката на својата лева партија и нејзините сојузници.
