Груевски: 40 милиони евра за реконструкција и изградба на болници

17.09.2015 16:03

Се очекува да бидат завршени за една година. Значителнио ќе се подобри инфраструктурата во болниците во земјава, потенцира премиерот Груевски...

Се инвестира во здравствените капацитети. 40 милиони евра ќе бидат вложени во реконструкција и изградба на болници.

„Кон крајот на октомври треба да почне изградбата на Клиничката болница во Штип, темелни реконструкции на болницата Свети Еразмо во Охрид, на болниците во Битола и Прилеп, на Клиничката болница за хируршки болести Свети Наум Охридски во Скопје, а веќе е започната реконструкцијата на болницата во Кичево“, изјави премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање по поставувањето на камен темелникот за изградба на нова спортска сала во Домот за деца без родители „11 Октомври“.

Се очекува да бидат завршени за една година. Значителнио ќе се подобри инфраструктурата во болниците во земјава, потенцира премиерот Груевски.