Жолта фаза: Граѓаните мака мачат со темературниот шок

17.09.2015 16:13

Иако не типично за овој период од година, денеска и утре земјава е во жолта алертна фаза, со температура до 35-тиот степен. Граѓаните ќе можат да здивнат дури викендов за кога е најавено постепено заладување...

Четворица граѓани денеска се онесвестиле поради топлото. Долго време биле изложени на сонце, не носеле соодветна облека и не пиеле течности- не ги почтувале препораките на лекарите. Граѓаните мака мачат со темературниот шок - најмногу страдаат хронично болните.

„Јас сум метеопат чувствувам промени. Болки во мускули, зглобови, промена на крвниот притисок... Потешко е, не се дише. Ние што сме болни, уште помачно ни е... Зависи кога како, зависи од притисокот надвор, некогаш чувствувам проблем некогаш не“, велат граѓаните кои ги анкетиравме.

Иако не типично за овој период од година, денеска и утре земјава е во жолта алертна фаза, со температура до 35-тиот степен.

Граѓаните ќе можат да здивнат дури викендов за кога е најавено постепено заладување. До тогаш лекарите предупредуваат да се почитуваат препораките за заштита од топлото време.

Порад температурата итната медицинска помош имаше зголемен број интервенции. Но, дополнителен проблем се и стомачните висуси. Секој трет повик во службата е поради повраќање, дијареа, висока температура.

„Самите температурни разлики не дозволуваат природниот циклус во природата да се одржи како што треба. Овие високи темпретаури влијаат и на тоа, вирусите и бактериите, се менуваат, мутираат, се зголемуваат и не загрозуваат и нас“, вели д-р Марија Анастасовска- шеф на смена во Итна медицинска помош.    

Овој септември е урнат историски рекорд. Во последните 50 години не е измерена толку висока температура како годинава.

 

Андријана Атансовска