Преку дијалог до унапредување на бизнис климата

17.09.2015 16:41

Редовниот дијалог меѓу власта и бизнис – заедница ќа придонесе за подобрување на условите за стопанисување. Фирмите пред креаторите на економските политики ги претставуваат своите идеи и барања, но и проблемите се коишто се соочуваат, по што се преземаат активности за нивно надминување...

Македонското стопанство е жилаво. Успеа да оствари добри резултати и покрај неповолните политички услови- оцени вицепремиерот Ставрески. На бизнис заедницата и порача- вратите се отворени за сите идеи и барања, преку редовен дијалог до унапредување на бизнис климата. На средбата со прилепските бизнисмени ги презентираше новите владини мерки и законски измени, договорени и конкретни активности.

„Поддршката што владата може да им ја даде на бизнисмените е стабилната политичка ситуација, релаксирање на општата состојба во државата и добро е што политичкиот процес тргна во таа насока. Бизнисмените може да имаат поголема политичка предвидливост и дека ќе ги имаат истите стабилни и добри услови за работење во следниот период, дека ќе имаат поддршка за обезбедување финансиски средства како евтините кредити со каматна стапка од 5,5 проценти преку МБПР“, изјави вицепрмеиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

За пет месеци, нови 360 работни места во Прилеп преку проектот „Македонија вработува“. Апел од владиниот тим- бизнисмените да ги користат поволностите, да заштедат  трошоци, а да го зголемат тимот вработени.

На маса и законските корекции на казнената политика. Надлежните со став - со  намалувањето на казните и категоријата опомена за прв прекршок, целта е фирмите да се едуцираат , а не директно да се казнуваат. Грант за локалната самоуправа - 7,8 милиони денари за инфраструктурата во индустриската зона Прилеп 1. Најава- ќе почне изградбата на патот Дреново- Плетвар, инвестиција вредна 42 милиони евра. Вицепремиеро Ставрески посочи - дијалогот со бизнис заедницата продолжува во сите општини.

Сузана Фиданска- Стоевска