Канческа- Милевска во посета на Заводот за заштита на споменици и Музеј на град Штип
17.09.2015 17:05
Ја посети изложбата на монети во галеријата „Безистен“ и црквата „Св.Спас“ каде што комплетно е завршен проектот за конзервација на фрескоживописот кој е од 14 век...

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и градоначалникот на Штип Илчо Захариев, во работна посета на Заводот за заштита на споменици и Музеј во штипско Ново Село. Ја посетија изложбата на монети во галеријата „Безистен“ и црквата „Св.Спас“ каде што комплетно е завршен проектот за конзервација на фрескоживописот кој е од 14 век.
Министерката информира и за уште еден, како што рече, исклучително значаен проект - конзервација на 85 икони кои ќе си го најдат своето место во посебен галериски простор во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во штипско Ново Село.
