Хан во Македонија на средби со политичките лидери и на состанок за ХЛАД
Според најавите, во Собранието ќе се обрати пред членовите на Советот за евроинтеграции. Предвидени се и одвоени разговори со лидерите на политичките партии од власта и од опозицијата и со невладиниот сектор...

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан пристигна во Mакедонија. Ќе учествува на високиот политички дијалог меѓу Европската комисија и македонската Влада.
Според најавите, во Собранието ќе се обрати пред членовите на Советот за евроинтеграции. Предвидени се и одвоени разговори со лидерите на политичките партии од власта и од опозицијата и со невладиниот сектор.
Европската комисија реши да обезбеди финансиска помош преку инструментот за предпристапна помош за Македонија и за земјите од Западен Балкан во справување со бегалската криза.
Еврокомесарот Хан вели дека Европската Унија сака сево ова да го стабилизира и да ја задржи жива надежта на бегалците да се вратат дома што е можно побрзо.
Сега не е време за дискусии, туку за акција, апелираше еврокомесарот.
