Училиштето „11-ти Октомври“ затворено, се испитува причината за труење на учениците

18.09.2015 10:03

Одлуката заеднички ја донесоа градоначалникот на Центар, Жерновски и заменик-министерот за образование Ристовски. Ова ќе важи се до целосното решавање на проблемот и откривањето на причинителот за труењето...

Во основното училиште „11-ти Октомври“ во Општина Центар денеска нема настава поради труење на ученици.

Одлуката заеднички ја донесоа градоначалникот на Центар, Жерновски и заменик-министерот за образование Ристовски. Ова ќе важи се до целосното решавање на проблемот и откривањето на причинителот за труењето.

Надлежните ја исклучија можноста за труење со храна. Се претпоставува дека причинител може да биде водата за пиење. Земени се мостри, а резултатите се очекуваат утре. Поради силни болки во стомакот, 40 ученици побараа медицинска помош, а едно дете беше задржано на Инфективната клиника.

Револтирани родители вчера бараа одговор од надлежните, затоа што проблемот со водата за пиење не се решил. Во вторник Советот на Општина Центар ќе одржи вонредна седница, на која ќе се разгледува проблемот.