Зголемена финансиска поддршка за производителите на домати

18.09.2015 10:38

Пријавувањето за добивање на субвенции за предаден зеленчук во преработувачки капацитети е до крајот на ноември. Финансиска поддршка за доматите е зголемена за периодот кога имаше нарушување на пазарот...

Градинарите кои од 26-ти јуни до 15-ти август ги предадоа доматите во домашните преработувачки капацитети или за извоз по цена не повисока од 5 денари ќе добијат субвенција од 6,5 денари за килограм.

Пријавувањето за оваа поддршка е до 30 ноември.

Во овој период имаше нарушување на пазарот со поклопувањето на производството на домати од оранжериите и на отворено, и се откупиле сите понудени количества од скоро 1.000 тони.

 Освен во конзервните фабрики доматите завршија и на пазарот во Србија.

 

Методија Трајков