Конфликтите во светот- приоритет на американската админстриација на Генералното собрание на ОН
Конфликтите во светот и последиците од нив ќе бидат главен приоритет на американската администрација на престојното Генералнот Собрание на Обединетите нации во Њујорк. Американскиот претседател, Барак Обама ќе биде домаќин на самит на членките на коалицијата за борба против насилниот екстремизам...

Бегалската криза во Европа, борбата против насилниот екстремизам и спречување на регрутирањето на странски борци за Исламската држава, ќе бидат едни од главните теми на Генералното Собрание на Обединетите нации во Њујорк. Земјите членки ќе ги договорат целите на светот до 2030-та година, меѓу кои искоренувањето на сиромаштијата, одржлив развој и намалување на последиците од климатските промени.
„Обединетите нации се клучна платформа на мултинационалната соработка за справување со екстремизмот. На Генералното Собрание оваа година ќе бараме зацврстување на глобалната иницијатива за справување со странските борци и за борба против екстремизмот. На самитот за борба против насилниот екстремизам на 29-ти септември во Њујорк, ќе се потенцираат операциите против ИДИЛ и ќе биде разговарано за напредокот направен по самитот на Белата куќа во фебруари. Самитот и други настани на маргините ќе служи да се потенцираат новите обврски за поддршка на овие напори“, изјави Шиба Коркер, помошник секретар за меѓународни организации во Стејт Департмент.
Светската организација треба да реши дали ќе ги укине санкциите против Иран по договорот за неговата нуклеарна програма. Обединетите нации имаат околу 120 илјади мировници во 16 држави во светот, но до земјите членки ќе биде упатен апел за поголемо учество во мировните мисии.
Земјите- членки на Обединетите нации на јубилејното 70-то Генерално Собрание ќе треба да донесат одлуки за справување со слабостите на светската организација.
Ирина Гелевска, постојан дописник од Вашингтон за МРТ
