Македонија во жолта фаза, денеска највисоки температури

18.09.2015 10:56

Денеска се очекуваат највисоки температури споредбено со изминатите денови. Максималната температура во поголем дел од земјава, ќе биде во границите од 30 до 36 степени...

Македонија е во жолта, алертна фаза. Денеска се очекуваат највисоки температури споредбено со изминатите денови. Максималната температура во поголем дел од земјава, ќе биде  во границите од 30 до 36 степени. Се очекува и понатаму најтопол регион да биде повардарскиот.

Надлежните со препорака до граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита. Од УХМР за утре најавуваат мал пад на температурата. Се очекува претежно ведро време, со мала облачност.

Нова промена на времето ни доаѓа во недела, во текот на вечерта кон понеделник. Промената на времето ќе резултира со пад на температурата за околу 8 до 10 степени во понеделник, со што максималната нема да надминува 25 степени.