Хрватска: Затворени седум гранични премини со Србија

18.09.2015 11:57

Хрватското министерство за внатрешни работи соопшти дека до 22 часот на територијата на хрватска влегле 11.003 мигранти...

Хрватска затвори седум премини кон Србија за секаков вид сообраќај, додека пак граничниот премин Бајаково на границата меѓу Србија и Хрватска останува отворен, работи нормалнo и е прооден за целокупниот сообраќај.

Хрватското министерство за внатрешни работи соопшти дека до 22 часот на територијата на хрватска влегле 11.003 мигранти. 

И Словенија го запре движењето на возовите по главната железничка линија од Хрватска, кај граничниот премин Добова, откако органите на редот запреа воз со околу 150 мигранти.