Масовен протест во Анкара против тероризмот
18.09.2015 11:59
Органиозаторите побараа од демонстрантите да носат турско знаме, без други плакати и знамиња...

Стотици илјади граѓани излегоа на улицитево Анкара на голем протест против тероризмот. Демонстрациите се одржани на иницијатива на Сојузот на стопански комори и берзи на Турција со поддршка на десетина синдикати и граѓански иницијативи.
Органиозаторите побараа од демонстрантите да носат турско знаме, без други плакати и знамиња, со цел да се нагласи дека протестот е во името на мирот во земјата.
Цел на протестот е да му се каже не на тероризмот и да на братството.
