Екстремисти се обидуваат да регрутираат бегалци
18.09.2015 12:02
Салафистите се обидуваат да ги регрутираат муслиманите Сунити меѓу бегалците во Германија, нудејќи им помош...
Претседателот на германската Канцеларија за заштита на уставот, Ханс Масен предупреди дека радикалните екстремисти- салафистите се обидуваат да ги регрутираат муслиманите Сунити меѓу бегалците во Германија, нудејќи им помош.
Масен ги намали стравувањата дека Исламска држава би можела да испрати свои терористички одреди маскирани како бегалци во Германија, со образложение дека Федеративната известувачка служба следела многу траги и дека не пронашла никакви индиции за такво нешто.
Патиштата по кои се движат есктремистите се премногу опасни за терористите бидејќи на тој начин ризикуваат смрт или можност да бидат откриени.