Керим: Владината номинација признание за мојата досегашна работа

18.09.2015 12:04

Источноевропската група во Обединетите нации на која припаѓа и Република Македонија во ноември лани зазeде заеднички став дека следниот Генерален секретар по основ на системот на ротација, би требало да биде избран од нејзините редови...

Одлуката на владата да ме номинира за позицијата Генерален секретар на Обединетите нации за мене лично е голема чест и признание за мојата досегашна дипломатска работа и активности на меѓународен план, вели во денешната писмена изјава Срѓан Керим, поранешен шеф на македонската дипломатија и 62-ри претседател на Генералното собрание на светската асамблеја.

Додава дека ќе вложи максимални напори на достоинствен начин, со убедлива аргументација да ја добие поддршката на земјите- членки на Обединетите нации.

Источноевропската група во Обединетите нации на која припаѓа и Република Македонија во ноември лани зазeде заеднички став дека следниот Генерален секретар по основ на системот на ротација, би требало да биде избран од нејзините редови.

Владата го номинира Керим како личност што ги исполнува неопходните услови и критериуми да биде кандидат за функцијата Генерален секретар на Обединетите нации.