Акција „Гора“: Фатени седум лица кои вршеле незаконска сеча
18.09.2015 12:09
Им биле одземени три патнички возила, три моторни и две рачни пили и околу 5 метри кубни огревно дрво...

Полицијата и вработени во Македонски шуми на стариот пат Велес-Прилеп затекнале седумина на возраст од 17 до 45 години како бесправно сечат дрва.
Им биле одземени три патнички возила, три моторни и две рачни пили и околу 5 метри кубни огревно дрво.
Незаконската сеча ја вршеле во државна шума, а од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе им бидат поднесени соодветни кривични и прекршочни пријави.
