Русија ги повика САД да ја вклучат сириската влада како партнер

18.09.2015 13:34

Според рускиот министер за надворешни работи, Лавров, нема причина да се избегнува соработката со сириското раководство...

Русија побара САД и нивните сојузници да ја вклучат сириската влада како партнер во борбата против Исламска држава. 

Според рускиот министер за надворешни работи, Лавров, нема причина да се избегнува соработката со сириското раководство кое се соочува со теористичка закана и дека одбивањето на таквата можност и игнорањето на способноста на сириската војска како партнер и сојузник значи жртвување на безбедноста на целиот регион заради политички и геополитички намери.