Ротердам: Уапсено лицето поради кое е евакуиран возот „Талис“

18.09.2015 13:54

Возот беше запрен во холандскиот град Ротердам, а патниците беа евакуирани, откако еден вооружен маж се заклучи во тоалетот...

Холандската полиција уапси маж на железничката станица во Ротердам којшто денеска се заклучи во тоалетот на брзиот меѓународен воз на линијата Амстердам-Париз.

Возот беше запрен во холандскиот град Ротердам, а патниците беа евакуирани, откако еден вооружен маж се заклучи во тоалетот.

Според очевидците, мажот кај себе имал бомба. Компанијата која ја држи меѓународната железничка линија „Талис“ од Париз до Амстердам преку Брисел, соопшти дека нема опасност по патниците.