Берлин: Нема пари за земјите кои не се солидарни

18.09.2015 15:19

Коментарите на вториот човек во германската влада пред се се однесуваат на однесувањето на Унгарија која ја затвори границата со соседите ...

Земјите што не ја делат солидарноста како европска вредност не можат да сметаат на европските пари, најави германскиот министер за економија Зигмар Габриел во интервју за весникот „Билд“.

Коментарите на вториот човек во германската влада пред се се однесуваат на однесувањето на Унгарија која ја затвори границата со соседите и која користи значителни фондови од заедничкиот буџет на ЕУ, но и на Хрватска која по само еден ден криза на својата граница најави дека веќе нема капацитет да прими бегалци.