Обвинение во Германија против седум лица поради поддржување на ИД
Меѓу обвинетите на возраст меѓу 23 и 59 години има и една жена. Групата се товари за организирање и финансирање патувања за Сирија на лица кои таму се приклучуваат на терористичките групи...

Шестмина германски државјани и еден Пакистанец се обвинети во Германија дека ги поддржуваат Исламска држава и уште две екстремистички организации активни во Сирија, соопшти германското обвинителство.
Меѓу обвинетите на возраст меѓу 23 и 59 години има и една жена. Групата се товари за организирање и финансирање патувања за Сирија на лица кои таму се приклучуваат на терористичките групи.
Ним ќе им биде судено за поддржување на терористички организации, од почетокот на 2013, до септември 2014. Двајца од обвинетите се во притвор, од кои едниот е за регрутирање борец за Исламска држава.
Според податоците на државните власти од Германија заминале 700 лица за да им се придружат на екстремистите од Сирија и Ирак.
