За Исламска држава војуваат 2.400 Руси
На Исламска држава и се приклучиле и над 3.000 државјани на земјите од Централна Азија...

Над 2.400 руски државјани војуваат на страната на Исламска држава, соопшти заменик-директорот на Федералната безбедносна служба, Сергеј Смирнов. На Исламска држава и се приклучиле и над 3.000 државјани на земјите од Централна Азија.
Сергеј Смирнов, во обраќањето пред новинарите истакнал дека проблемот со бегалците кои од Блискиот исток доаѓаат во Европа ќе се зголемува и претставува потенцијална голема закана за Русија.
„Тврдењата дека поддршката на Москва влијае негативно на ситуацијата во Сирија, особено кога е збор за приливот на бегалци, не се точни. Тоа е последица на експанзијата на Исламска држава во регионот“, оценува Смирнов.
Додава дека има земји кои се обидуваат да ја избегнат меѓународната соработка во борбата против тероризмот, алудирајќи на САД. „Постои соработка, но не на вистинското ниво, особено со САД“, заклучува Смирнов.
