Едно лице загина во сообраќајка на патот Куманово - Пчиња

18.09.2015 17:13

Од кумановската полиција потврдуваат дека има сообраќајна несреќа, но не соопштуваат детали...

Едно лице загина, а едно е потешко повредено во сообраќајната несреќа што околу 15 часот се случи на регионалниот пат Куманово-Пчиња.
 
Од кумановската полиција потврдуваат дека има сообраќајна несреќа, но не соопштуваат детали. Увид на местото на несреќата врши екипа од СВР Куманово и од Основно јавно обвинителство.