Литија во Скопје во пресрет на Рождество на Пресвета Богородица
20.09.2015 09:55
Во 17 часот ќе се одржи вечерна богослужба во храмот Рождество на Пресвета Богородица во Скопје...
Литија по улиците во центарот на Скопје ќе се одржи денеска во пресрет на утрешниот празник на Раѓањето на Мајката Божја, Пресвета Богородица - заштитничката на градот Скопје.
Претходно, во 17 часот ќе се одржи вечерна богослужба во храмот Рождество на Пресвета Богородица во Скопје.
На празникот утрешната богослужба ќе почне во 7:30 часот, а светата литургија во 9 часот.
Братството при храмот Рождество на Пресвета Богородица во Скопје, со благослов на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, ги повикува верниците и сите луѓе со добра волја да учествуваат во торжественото прославување на празникот на Раѓањето на Мајката Божја, Пресвета Богородица - заштитничката на градот Скопје.
