Во Собранието ќе заседаваат пет комисии
21.09.2015 10:20
Комисиите за одбрана и безбедност ќе разгледуваат 2 законски проекта, поврзани со производство и промет на вооружување и со безбедноста во сообраќајот...

Се зголемува динамиката на работење во Собранието. Ќе заседаваат пет комисии во законодавниот дом. Комисиите за одбрана и безбедност ќе разгледуваат 2 законски проекта, поврзани со производство и промет на вооружување и со безбедноста во сообраќајот.
Пред Комисијата за образование, наука и спорт ќе се најдат неколку предлози на опозицијата поврзани со образованието. За денеска се најавени и седници и на Комисиите за транспорт и врски, и екологија, законодавно- правната, и Комисијата за труд и социјална политика.
