Воена делегација на САД во посета на АРМ

21.09.2015 10:24

За време на посетата, генералот Креј, чијшто домаќин е началникот на генерал штабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, ќе оствари средба со министерот за одбрана Зоран Јолевски...

Висока воена делегација на Националната гарда на сојузната држава на САД, Вермонт, предводена од командантот генерал-мајор Стивен Креј, од денеска престојува во тридневна официјална посета на АРМ.

За време на посетата, генералот Креј, чијшто домаќин е началникот на генерал штабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, ќе оствари средба со министерот за одбрана Зоран Јолевски.

Планирано е да ја посети здружената оперативна команда на АРМ, а ќе има средба и со Комисијата за одбрана и безбедност во Собранието на Република Македонија.

Покрај унапредувањето на натамошната соработка целта на посетата на генерал Креј е размена на искуства од научените лекции во мисиите предводени од НАТО, ЕУ и ООН, учеството на АРМ во мисијата на НАТО во авганистан „Одлучна поддршка“ и разгледување на можностите за реализација на различни форми на индивидуална и заедничка обука.