Помала понуда на овци за верскиот празник Бајрам

21.09.2015 10:29

Се санираат последиците од ланските штети од синиот јазик. Сточарите дел од овците го задржаа за проширување на стадото, со што и понудата за верскиот празник курбан бајрам е помала.

По добрите откупни цени за велигденскиот извоз на јагнешко и санирање на штетите од синиот јазик, поголем број од овчарите се решија да ги задржат женските јагниња за проширување на стадото.

Поради тоа цените се повисоки и има недостиг на овци за верскиот празник Курбан Бајрам кој почнува неделава.

Овчарите велат дека поради сушата летните пасишта имаа помалку храна, но пониската цена на јачменот и на луцерката овозможи да обезбедат доволно резерви за презимување на добитокот.

 

Методија Трајков