Грците му дадоа втора шанса на Ципрас

21.09.2015 10:48

Лидерот на најголемата опозициска партија Меимаракис му честита на Ципрас кој денеска ќе добие мандат, по што има три дена да состави нова влада...

Со 35 насто освоени гласови, Сириза на Алексис Ципрас победи на вонредните парламентарни избори кои вчера се одржаа во Грција, додека конзервативната Нова Демократија освои 28 проценти.

Лидерот на најголемата опозициска партија Меимаракис му честита на Ципрас кој денеска ќе добие мандат, по што има три дена да состави нова влада.

Со оглед на тоа што не обезбеди мнозиство, се очекува да коалицира со Независните грци на Каменос, кои освоија 10 пратенички места.