Водата во Струга - неисправна за пиење

21.09.2015 10:51

Последните микробиолошки испитувања, направени по барање на Агенцијата за храна и ветеринарство покажале дека во водата има ешерихија коли, ентерококи и други колиформни бактерии...

Водата од струшкиот водовод е неисправна и е забранета за пиење поради присуство на бактерии – покажуваат анализите на Центарот за јавно здравје.

Последните микробиолошки испитувања, направени по барање на Агенцијата за храна и ветеринарство покажале дека во водата има ешерихија коли, ентерококи и други колиформни бактерии.

Анализи ќе се прават се додека водата не се хлорира и не одговара на нормативите и стандардите за квалитет, по што ќе може да се користи.