Титулата Национален уметник за Ана Дурловски

21.09.2015 10:53

Признанието се доделува согласно со Законот за национален уметник...

Претседателот Ѓорге Иванов, денеска ќе ја додели титулата Национален уметник на Република Македонија на оперската певица Ана Дурловски.

Признанието се доделува согласно со Законот за национален уметник. Досегашни добитници на титулата се музичкиот уметник и пијанист, Симон Трпчевски, сценаристот и режисер Милчо Манчевски, естрадниот уметник Есма Реџепова -Теодосиевска и оперскиот пејач Борис Трајанов.