Премиерот Груевски во посета на пелагонискиот регион

21.09.2015 11:16

Агендата премиерот ќе ја започне со отворање на спортска сала во село Новаци, по што ќе присуствува на црковно-народниот собир во манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“...

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, денеска ќе оствари посета на пелагонискиот регион. Агендата премиерот ќе ја започне со отворање на спортска сала во село Новаци, по што ќе присуствува на црковно-народниот собир во манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“. Премиерот Груевски ќе присуствува и на отворањето на спортска сала во село Могила, а ќе оствари и средба со жителите.

Посетата, премиерот ќе ја продолжи со средба со жителите на селото Долно Српци во општина Могила, а ќе го посети и основното училиште „Кочо Рацин“. Груевски ќе посети и земјоделска фарма на индивидуален земјоделец во истото село. Како што соопштуваат од Владата, агендата ќе продолжи со негово присуство на отворање на откупно дистрибутивниот центар „Apple Land“ во Ресен, по што премиерот ќе изврши увид во градежните активности за рехабилитација на магистралниот пат Битола-Ресен-Буково.

Премиерот посетата на пелагонискиот регион ќе ја заврши со пуштање во употреба на еден двоен и еден единечен тениски терен во спортско рекреативниот центар „Шеталиште“, Битола.