Расте интересот за кредитирање

21.09.2015 10:32

Банкарите велат дека расте интересот за кредитирање на граѓаните и на стопанството. Пари има, банките се подготвени да ги следат компаниите во рализацијата на развојните планови, особено за оние проекти за што се потребни повеќе средства...

Ненаменски, станбени, потрошувачки кредити, интересот за кредитирање се зголемува и кај населението и кај компаниите. Растот споредено со лани е зголемен за околу 10 до 15 проценти велат, банкарите. Конкуренцијата е силна, постојано се воведуваат иновативни производи преку кои банките го олеснуваат патот до кредитите. Условите за банкарскиот сектор се добри, вели региналниот директор Палчевска, која очекува трендот на зголемено кредитирање да продолжи со засилено темпо до крајот на годинава.

„Податоците за оваа година споредено со крајот на 2014-та покажуваат околу 15 проценти раст, што е во согласност со нашите проекции. Нашите анализи покажуваат дека растот оваа година, кој патем речено е двојно поголем од растот на банкарскиот сектор во Македонија, се должи пред се на иновативните производи кои ги воведовме, со конкурентните услови со кои настапуваме на пазарот“, изјави Маја Палчевска, регионален директор на банка.

Економската и политичка неизвесност не е нешто ново за банките, вели и раководителот на маркетинг сектор во една деловна банка, Северинова. Банкарскиот сектор е подготвен  да ги прати компаниите и да обезбеди доволно финансиски средства. Интерес за кредити има од прехранбената индустрија од земјоделството, преработувачката индустрија. Според Северинова и намалувањто на нефункционалните кредити е добар знак .

„Од почетокот на годинава, па заклучно со јули 2015-та година бележиме многу добар пораст во кредитириањето, се работи за пораст од 8,6 проценти. Интересот за кредити кај претпријатијата е многу попозитивен во вториот квартал. Претпријатијата најчесто бараат кредити за краткорочна ликвидност, за обртни средства, за фиксни средства, меѓутоа, повеќе се резервирани во поглед на инвестициите“, вели Билјана Северинова, раководител на маркетинг сектор.  

Банките постојано ги доближуваат современите банкарски услиги до корисниците од летово и македонските бизнисмени и граѓаните можат сите транскации да ги вршат на електронскиот систем 24/7 кој овозможува подигање и внес на пари во било кое време.

 

Дијана Ценевска