Нормализиран авиосообраќајот на скопскиот аеродром
17.01.2014 12:36
Авиосообраќајот на скопскиот аеродром се нормализира

Авиосообраќајот на скопскиот аеродром се нормализира
По откажаните утрински летови од скопскиот аеродром поради густата магла, моментално e нормализиран авионскиот сообраќај, покажуваат податоците на интернет страницата на аеродромот „Александар Велики“.
Околу 11 часот слета авионот на „Пегасус“ од Истанбул, а во очекување се и планираните слетувања од Виена и од Лондон, додека во тек се активности за полетувања кон Истанбул, Виена и Тревизо.
Сите полетувања и слетувања што се предвидени ќе се реализираат со мали задоцнувања на некои летови.
Доколку маглата во попладневните часови повторно се спушти и ја намали видливоста, се очекува повторно затворање на авионскиот сообраќај.
