„Ало докторе“: 1.409 повици за една недела

21.09.2015 11:43

Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето...

На телефонската линија за медицински совет „Ало докторе“ 02/15 123 изминатата недела се регистрирани 1.409 повици. Од воведувањето на линијата во септември лани досега  имало  53.109 лица, соопшти Здравствен дом Скопје.

Линијата е достапна секој ден  24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето.

Од први септември линијата e засилена со тројца нови специјалисти. Дваесет и пет доктори се достапни за медицински совет за  јавувањата кои се од граѓани од сите градови на Македонија.

Повиците се со широк спектар на најразлична симптоматологија, најчесто   за  кардиоваскуларни и респираторни симптоми, главоболки, покачена телесна температура, стомачен вирус  и симптомна болка.

На сите лица кои  побараа  медицински совет  на телефонската линија  „Ало докторе“ им е дадена  здравствена  помош  со  совет и соодветна симптоматска  терапија, се вели во соопштението.