„Десен сектор“ постави блокади на Крим
21.09.2015 11:50
Главна цел им е целосно да го стопираат теретниот сообраќај...

Проукраинските активисти и претставници на организацијата „Десен сектор“ поставија блокади со бетонски блокови и автомобилски гуми на патиштата меѓу полуостровот Крим и украинското копно.
Главна цел им е целосно да го стопираат теретниот сообраќај. Денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ќе ја посети Украина, каде ќе оствари средба со државниот врв.
