Папата Франциск дома кај Фидел Кастро
21.09.2015 11:53
Ги повика христијаните да „им служат на најслабите и истовремено да го отфрлат служењето на идеологии“, алудирајќи на комунистичкиот режим...

Папата Франциск е во посета на Куба. Во Хавана ја предводеше мисијата на Плоштадот на Револуцијата.
Ги повика христијаните да „им служат на најслабите и истовремено да го отфрлат служењето на идеологии“, алудирајќи на комунистичкиот режим.
Се сретна со поранешниот претседател на Куба, Фидел Кастро во неговиот дом.
По Куба папата Франциск заминува за САД, а Кубанците се надеваат дека ќе влијае за укинување на американското ембарго кон нивната земја.
