Путин: Честитка за Ципрас- да се зајакне соработката со Грција

21.09.2015 11:56

Рускиот шеф на државата во телеграмата изразил надеж за продолжување на конструктивниот дијалог и јакнење на корисната соработка на Русија и Грција на полето на трговијата...

Рускиот претседател Владимир Путин му испрати телеграма на Алексис Ципрас со честитки за победата на Сириза на изборите во Грција, соопштуваат од Кремљ.

Рускиот шеф на државата во телеграмата изразил надеж за продолжување на конструктивниот дијалог и јакнење на корисната соработка на Русија и Грција на полето на трговијата, производството, енергетиката  и хуманитарната  сфера, пренесува руската агенција Тас.

Сириза обезбеди 145 места во грчкиот парламент, а во коалиција со својот стар партнер „Независни Грци“ ќе имаат 155 места од вкупно 300.