Зголемен бројот на посетители во Зоолошката градинина во Скопје

21.09.2015 12:14

Вистински магнет е новата атракција, калифорниските морски лавови- братчињата Аби и Кан, кои неодамна пристигнаа од Загреб. Имаат добар апетит и јадат 30 килограми риба дневно, а нивното хранење е вистинска атракција за посетиттелите...

Калифорниските морски лавови се новите жители на скопската Зоолошка градина, на радост на посетителите кои се воодушевуваа на нивната желба за игра. Вработените ги мотивираа со нивното омилено јадење-рибата, за радост на најмладите.

Калифорниските морски лавови, братчињата Аби и Кан, имаат по 5 и 7 години и донесени се од Зоолошката градина од загреб. Вработените велат дека јадат по 30 килограми риба дневно.

Живеалиштето е приспособено за нивните потреби. Се протега на околу 200 квадрати, со базен од 350 кубни метри околу кој има патека за посетителите. Морските лавови се интелигентни животни, кои можат лесно да се дресираат и да научат разни вештини. За новите жители ќе се грижат двајца ЗОО негуватели кои беа обучувани во Загреб.

Изградбата на новото живеалиште е поддржано од Градот Скопје. Беше отворен и едукативниот центар, во кој ќе се одржуваат семинари, едукација и забава за најмладите.

Се подготвува и новото живеалиште за фламингото. Новите животни и уредување, рече градоначалникот Трајановски, ги вратија граѓаните во скопската Зоолошка градина.

Александра Перевска