Краткометражниот филм „Незрели цреши“ на меѓународен фестивал во Грција
Овој фестивал е партнер на Европската филмска академија и победникот од фестивалот како награда директно се квалификува за Европските филмски награди уште попознати како „Европски оскар“ ...

Краткометражниот игран филм „Незрели цреши“, чиј копродуцент е МРТ, после големиот успех со поканата за прикажување во Главната официјална селекција на престижниот Меѓународен филмски фестивал во Гренобл, Франција, што воедно беше светска премиера на филмот, месецов од 14 – ти до 19 – ти беше прикажан на Меѓународниот фестивал за кусометражни филмови во Драма, Грција.
Овој фестивал е партнер на Европската филмска академија и победникот од фестивалот како награда директно се квалификува за Европските филмски награди уште попознати како „Европски оскар“ кои ги доделува Европската филмска академија. Со тоа, филмот „Незрели цреши“ ќе се бори за оваа престижна награда.
