Повисоки цени на горивата од полноќ

21.09.2015 12:54

Причина за оваа корекција се зголемените берзански цени на суровата нафта во последните 14 дена за 2,45% и повисокиот курс на доларот во однос на денарот...

Регулаторната комисија за енергетика ги зголеми малопродажните цените на дериватите во просек за 2,32%. Причина за оваа корекција се зголемените берзански цени на суровата нафта во последните 14 дена за 2,45% и повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

Бензините Еуросупер БС 95 и 98 поскапуваат за половина, а дизелот и екстралесното масло за денар. Незначително поскапува и мазутот.