Хрватска: Граничниот премин Брегане е празен

21.09.2015 13:06

Откако Словенците синоќа го затворија преминот, тие испратија три автобуси, кои превезуваа словенечки активисти и дел од мигрантите, кои беа блокирани на преминот...

Мигрантите на граничниот премин Брегане на Хрватско-словенечката граница беа пуштени во Словенија и изутринава таму нема повеќе мигранти, јавија хрватските медиуми.

Откако Словенците синоќа го затворија преминот, тие испратија три автобуси, кои превезуваа словенечки активисти и дел од мигрантите, кои беа блокирани на преминот.

Во текот на ноќта пристигнаа уште автобуси, кои ги презеле и останатите мигранти. Граничниот премин Товарник на хрватската граница со Србија денеска исто така е празен. Сите пристигнати мигранти се префрлаат во кампот Опатовац.