20 години партнерство меѓу Македонија и Вермонт

21.09.2015 13:44

Трајното пријателство е изградено преку разните форми на обука, но и со заедничкото учество во мисијата во Авганистан. Командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Стивен Креј е во тридневна посета на државава...

Годинава се одбележуваат две децении од соработката и партнерството меѓу Република Македонија и сојузната американска држава Вермонт. Трајното пријателство е изградено преку разните форми на обука, но и со заедничкото учество во мисијата во Авганистан. Командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Стивен Креј е во тридневна посета на државава.

„Сето тоа беше крунисано во 2010 година со заендичко учество во една од поризичните мисии „Феникс“ во Авганистан, каде што  практично го докажавме пријателството и соработката и тоа не на парада, туку во копнкиретна мисија станаа војници браќа по оружје“, изјави на денешната прес конференција, генерал-потполковник Методија Величковски.

Генерал-мајор Креј, потсетувајќи дека двете армии заеднички распоредувале сили, заедно се развивале подофицери и офицери и заеднички е работено на задачи при изведување операции како подготовка за справување со катастрофи на домашен терен, истакна дека секоја година продолжува да напредува соработката.