Вишеградската група на разговори за бегалската криза
21.09.2015 14:01
Полскиот министер најави дека нема да прифатат задолжителни квоти...

Вонреден состанок на шефовите на дипломатиите на Полска, Чешка , Словачка, Унгарија и Лугсембург, за бегалската криза и распоредување на квотите. Полскиот министер најави дека нема да прифатат задолжителни квоти.
„Европската унија не е создадена за да им наметнува на другите земји, сакаме заедно трајно да го решиме овој проблем“, изјави Шетина, пред почетокот на состанокот.
Претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц изјави дека верува дека претставниците на Европската унија ќе дојдат до конечно решение за распоредување на бегалците на утрешниот состанок во Брисел.
