Титулата Национален уметник за Ана Дурловски

21.09.2015 15:04

По Симон Трпчевски, Милчо Манчевски, Есма Реџепова и Борис Трајанов, највисокото државно признание – Национален уметник и беше врачено на Ана Дурловски, нашата оперска певица со интернационална кариера...

Таа ги освои европските и светски сцени, промовирајќи ја нашата држава како земја на врвни уметници кои со своето дело го слават името на својата земја низ сите светски меридијани. По Симон Трпчевски, Милчо Манчевски, Есма Реџепова и Борис Трајанов, највисокото државно признание – Национален уметник и беше врачено на Ана Дурловски, нашата оперска певица со интернационална кариера.

Таа преку своите арии не потсетува на она што не прави луѓе- нашите чувства, судири, дилеми, соништа и стремежи- рече претседатлот Иванов.

Нејзините извонредни креации ја воодушевуваат критиката и публиката низ целиот свет и затоа е одликувана со неколку значајни признанија, меѓу кои е и наградата „Фауст“, која се смета за пандан на филмскиот „Оскар“, рече министерката Канческа-Милевска.

Ана дурловски на сцената на Македонската опера и балет дебитираше во 2000 година како Лучија Ди Ламермур, а од следната година почна да ја развива својата вокална техника во Виена и да соработува со оперски куќи низ светот.

Во нејзината кариера се запишани голем број водечки солистички улоги на престижните сцени во Москва, Виена, Берлин, Мадрид, Лозана и во сите држави во регионот.

 

Александра Перевска