Втора шанса за Ципрас, неизвесна иднина за Грција

21.09.2015 16:02

Поддржувачите на СИРИЗА вчера вечер пред партиското седиште ја прославуваа победата, но сепак и меѓу нив се чини дека е присутен страв поради незивесната иднина...

Избори, победа на СИРИЗА и коалиција со Независни Грци е она што го одбележа последото деноноќие во Грција. Левичарската партија е прва по вчерашните избори, со освоени 35 проценти од гласовите, наспротив вторпласираната Нова Демократија, која што освои 28 проценти. Трета политичка сила во Грција повторно е Златна Зора.

Сакам да ви се заблагодарам од дното на срцето за оваа голема и чиста победа. Оваа победа е победа на народот. Ние имамвме една тешка битка, а денеска чуствувам и одобрување, затоа што грчкиот народ ни даде јасен мандат да продлжиме да се бориме внатре и надвор од земјата, за да ја подигнеме гордоста на напиот народ“, изјави лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас.

Лидерот на Нова Деморкатија, Евангелос Мемиракис, веднаш по објавувањето на резултатите, го призна поразот, а на својот ривал Ципрас му ја честиташе победата.

Се боревме сериозно, достоинствено и на цивилизиран начин. Резултатите се формулирани и поважуваат победа на СИРИЗА и Ципрас. Му честитам и го повикувам да формира Влада. Изгледа дека грашаните не го смениле своето мислење од јануарските избори, кога за радикалната левица за прв пат беше донесена на власт“, рече Евангелос Меимаракис – лидер на Нова Демократија.

Поддржувачите на СИРИЗА пак, вчера вечер пред партиското седиште ја прославуваа победата, но сепак и меѓу нив се чини дека е присутен страв поради незивесната иднина.

Чувствуваме дека иднината ни е неизвесна, не знаеме какви нови мерки новата влада ќе треба да имплементира и верувам дека за кусо време повторно ќе имаме избори во земјата“, изјави една граѓанка.

Сигурни бевме во победата на СИРИЗА, иако во изминатите месеци владата направи неколку грешки. Но, се надеваме и дека Европа ќе престане да виде Европа на пазарите и банкарите. Тоа мора да се промени“, додава друга.

Согласно третиот Меморандум, новата грчка влада ќе треба да имплементира голем број на мерки за штедење што меѓународните кредитори ги побараа од земјата во замена за новата и трета финансиска помош од 85 милијарди евра.

Намалување на социјалната помош, зголемување на старосната граница за пензионирање и на даноците како и приватизација на некои од клучните сектори во грчката економија се само дел од непопуларните мерки за штедење што владата на Алексис Ципрас ќе треба да ги имплементира во рамките на својот нов мандат.

 

Марија Котовска, постојан дописник од Атина за МРТ