25 милиони евра за капитални проекти во општините во 2016-та

21.09.2015 16:02

На општините во земјава им се ставени на располагање пари од Светска банка за подобрување на инфраструктурата на локално ниво...

Изградба на улици, каналализација, водоводи, училишта, градинки, разна инфраструктура. На општините во земјава им се ставени на располагање пари од Светска банка за подобрување на инфраструктурата на локално ниво.

„Преку проектот со Светска банка имаме реализирано 59 проекти во околу 40-ина општини во земјава. Досега преку овој проект се распределени 40 милиони евра низ општините со кои се решаваат големи инфраструктурни проблеми, изградба на водоводи, канализации, реновирање на училишта, изградба на спортски сали и решавање на други инфраструктурни проблеми. Додатно во текот на годината на општините ќе им бидат на располагање и 20 милиони евра како грант, а во 2016 ќе имаме дополнителни 25 милиони евра за вакви слични проекти“, изјави денеска во Свети Николе, вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.