Нови проекти за подобар живот во пелагониските општини Новаци и Могила

21.09.2015 16:57

За прв пат од постоењето, руралните пелагониски општини Новаци и Могила добија современи спортски сали. За подобрување на животот на граѓаните во тек се низа инфраструктурни проекти, а ќе ги забрзаме и оние со капитално значење, им порача премиерот Никола Груевски при денешната посета...

Нема повеќе импровизирани часови по физичко воспитување за окулу 600 основци од општините Новаци и Могилила. Училиштата „Славко Лумбарковси“ и „Гоце Делчев“ добија современи спортски сали. Вкупната инвестиција за двата спортски објекти изнесува окулу 50 милиони денари. Средствата се обезбедени преку Владата, а со овие сали бројката на новоизградени сали од програмата за изградба на 180 сали низ Македонија се искачи на 85, во кои веќе спортуваат над 40.000 основци. За децата и младината од пелагониските рурални општини ова е најдрагата инвестиција.     

„Задоволен сум што од денеска учениците во овие општини ќе рекреираат во нови сали опремени според сите стандарди, а исстите ке може да ги користи и останатата млада популација“, рече заменик министерот за образование, Спиро Ристовски.

Неодамна добивме и повеќенаменско игралиште, а се градат и неколку монтажни училишта низ општината. Со помош на владата го започнавме и превентивното чистење и санацијата на коритото на Црна Река. Во тек се низа инфрастукрурни зафати, а не е мал бројот на оние кои ќе следуваат, рече градоначалникот на Новаци.

„Во изминатиот период изградивме локални патишта во должина од 20 километри, во завршна фаза се израдбите на некои водоводни мрежи. Ќе следуваат вакви проекти и до најодалечените села“ вели градоначалникот Лазар Котевски.

Како Влада секогаш сме го подржувале земјоделието вашиот крај важи за бастион на македонскиот аграр, затоа започнавме проекти што ќе ја подигнат продуктивноста и квалитетот на производството, истакна премиерот Никола Груевски

„Во тек е проектот за наводнување и воспоставување на систем преку Црна Рекаа, а во финална фаза сме и за отпочнување на проектот топлификација од РЕК Битола. Тоа многу ќе значи за земјоделието“, рече премиерот Никола Груевски.

Премиерот Груевски го посети обновеното оснвно училиште „Кочо Рацин“ во Долно Српце кое пред две години беше целосно опожарено, а лично тој пред мештаните даде ветување дека ќе биде изградено ново училиште.

 

Стевче Митревски