Орбан: Загрозени се нашите граници

21.09.2015 17:53

Истакнал дека Унгарија со својот пристап кон миграциската криза го штити европското семејство...

Членките на ЕУ ќе бидат присилени да се заштитат од заканите на масовната миграција додека не се заземат единствен став за проблемот, рече унгарскиот премиер Виктор Орбан.

„Загрозени се нашите граници, нашиот живот втемелен на почитување на законите, и цела Европа. Ќе не прегазат“, рече Орбан при говорот во парламентот. Истакнал дека Унгарија со својот пристап кон миграциската криза го штити европското семејство.

„Унгарија е ценета земја во европското семејство веќе илјада години и нејзината историска и морална должност е да ја штитат Европа. Штитејќи ги своите граници, Унгарија ја штити и Европа“, рекол Орбан.

Повтори дека квотите за мигрантите што ги предлага Брисел, не се европски акциски план, зашто прво треба да се заштитат границите и да се запре приливот на мигранти.

Унгарија се бори на два фронта- заштита на границата, но и против кратковидната европска политика, вели Орбан. Тој ги повика сите парламентарни партии да ја поддржат владината политика и да гласаат за ангажирање на војска на границата.