Државатa ќе инвестира во две лаборатории за проверка на квалитетот на млекото
22.09.2015 10:43
По завршувањето на постапката за избор на лабораториите, наместо во млекарниците, фармерите ќе можат самите да го проверуваат квалитетот од што зависи и висината на откупната цена...

Двете лаборатории треба да бидат лоцирани во Штип и во Тетово. Доколку ги исполнат условите од јавниот повик, државата ќе инвестира во опрема и технологија за проверка на квалитетот на млекото.
Тие треба да бидат јавни научни установи од областа на земјоделството, а еден од критериумите за избор на најповолени понудувачи, е во иднина тие да можат самостојно да се финансираат.
Министерството за земјоделство, со избраните лаборатории ќе склучи договор за купување на опремата согласно Законот за јавни набавки.
Методија Трајков
